ШОК: Манијак се соблекува гол во трговски во Скопје

Во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром во Скопје, средновечен маж, на околу четириесет и пеесет години влегува во дуќани и се соблекува гол пред продавачките и муштериите.

Според очевидците, односно продавачките и муштериите тој влегува во бутик во кој се продава облека и за двата пола. Бира облека оди во соблекувална и наместо да се облекува тој се соблекува гол и излегува од гардеробата.

По извршениот чин, го зема мантилот и неговата облека и почнува да бега низ трговскиот центар.

Овој настан се нема случено само еднаш, туку веќе во два дуќани во овој трговски.

Неговиот идентитет е забележан од безбедносните камери во трговскиот центар, при што по него се трага веќе два дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter