Цеца го влечела крвавиот сопруг до излезот на хотелот, убиен бил додека пополнувал тикет

Цеца го влечела крвавиот сопруг до излезот на хотелот, убиен бил додека пополнувал тикет

Околу 17 часот на 15 јануари 2000 година, пред белградскиот хотел „Интерконтинентал“ застанале две возила. Од „опел калибра“ излегле Драган Николиќ и Милан Ѓуричиќ, кои од претходно ѝ биле познати на полицијата. Од другото возило излегле Зоран Николиќ – Пегла и Доброслав Гавриќ. Пегла останал на паркингот, додека другите тројца влегле во холот, спремајќи се да го извршат тројното убиство.

Во хотелот била голема гужва, а Командантот на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ – Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата.

Во хотелот пристигнал еден час порано со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохтранителот Ѕвонко Матовиќ. Додека сестрите шетале низ продавниците, Аркан седел во холот на сепарето.

По неколку минути по 17 часот му се доближиле Гаги и Мики. Се ракувале со Аркан, се бакнале со Манда и кренале кон скалите кои воделе до хотелските сали за свадба. Гавриќ седел на друго сепаре, неколку метри позади Аркан.

Минута подоцна, Гавриќ станал од столот, од капутот извадил пиштол и  испукал во Аркан. На подот паднале чаурите, чаши, шишиња, а гостите бегале на сите страни.

Полицијата дошла веднаш на лице место, но не и Брзата помош. Цеца и Лидија  биле цели во солзи, го влечеле Аркан до излезот од хотелот. Цеца се обидела да го наговори полицаецот со службено возило да го однесе Аркан до болница. Тој ја одбил бидејќи немал дозвола од претпоставениот. Потоа успеале да пронајдат возило и Аркан бил пренесен до Ургентниот центар каде таму е прогласен за мртов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter