Ценовникот на Православната црква во Македонија е најскап!

Зошто православните верници во Македонија се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава?

Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на оној кој го напуштил овој свет, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини литургија во црква, кога му се оддаваат 40 дена на пок*јниот.

Крштевката чини 4.000 денари, плус свеќите. Родителите на новороденчето плаќаат 2.000 и кумот 2.000 денари. Трите свеќи за кршевката чинат 120 денари.

Венчавката е поскапа. Во зависност од тоа дали пее еден поп или владика, цените се движат од 50 до 100 евра, плус другите црковни трошоци. Ослободување од плаќање важи само за социјално-загрозените семејства, кои имаат потврда дека примаат социјална помош.

Во исламскиот свет, пак, постои цена само за погреб и за свадба. Ако оџа дојде на погреб, за неговото молење се плаќа 3.000 денари. За сунет семејството не плаќа, но може да му даде бакшиш на оџата. Да дојде оџа во домот на идните сопружници чини 1.000 денари, а тој и двајца сведоци потпишуваат „Ниќах“, или писмен муслимански договор, според кој, ако евентуално се разведат, се наведува сумата која ќе ја добие невестата како отштета од сопругот или од неговото семејство.

Католичката црква во Македонија, за погреб и свадба наплаќа 700 денари. За крштевка не се наплаќа бидејќи во верата се прима нов член, велат од таму. Кај нас постои парохиска помош. Тоа значи дека после секоја неделна миса, верниците оставаат кој колку има помош за црквата. Ако немаат да платат за некој верски обред, здравје, затоа сме ние, но нашите верници може, наместо пари, да подарат и помош како облека или јадење, за другите врници – велат од Католичката црква во Македонија.

Ценовникот за услугите од МПЦ, во Македонија и во дијаспората не се исти. Во странство, православните верници, секој посебно без разлика за колкаво семејство станува збор, велат од Скопската епархија, плаќа годишна пароиска такса која се движи околу 150 долари во САД, 20 канадски долари во Канада и 50 австралиски долари во Австралија и Нов Зеланд, а плус плаќаат за свадба, крштевка, именден или погреб.

Извор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter