ЦЕЛИОТ оддел за трансфузиологија во Охрид е во карантин

Уште пред неколку дена во карантин е одделот за трансфузиологија во Општата болница во Охрид, а сите вработени се во самоизолација, односно вработените, лекарите и другиот медицински персонал.

Како причина за ова е тоа што првиот жител на Охрид со Ковид 19 бил во овој оддел пред да му биде дијагностициран вирусот, односно нему му била земена крв за анализа.

Поради затворањето на одделот за трансфузиологија во Охрид, сите итни случаеви за крвни анализи се испраќаат во Центарот за дијализа во Струга. Неофицијално, овој оддел не работи од петокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter