Цела Италија после полноќ ќе биде ставена во карантин

После полноќ цела Италија ќе биде во црвена зона. Извршната власт ќе ги проширува ограничувањата за карантин кои се применуваат само во Ломбардија за цела Италија. Вечерва на полноќ, ќе биде потпишан декретот, изјави премиерот на Италија Ѓузепе Конте, на прес конференцијата по донесување на новата одлука.

„Донесовме нова одлука. Нашите навики треба да се променат сега. Нема повеќе време. Сите ние треба да се откажеме од нешто. Мора да го сториме тоа сега “, изјави премиерот Ѓузепе Конте на прес-конференцијата во објавувањето на новата владина мерка, која ќе биде официјално објавена во службен весник, утре.

Можеме да се справиме со вирусот само ако сите соработуваме и веднаш се прилагодиме на построгите правила. Одлучив да преземам посилни и построги мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот што е можно повеќе, рече премиерот Конте.

Во оваа одредба се додава забрана за собирање на отворено и на места отворени за јавноста.

„Правилната одлука денес е да останете дома. Секој треба да го стори својот дел, од денес мерките за Ломбардија и 14-те покраини ќе важат на целиот полуостров,порача Конте.

Италијанското здравство е исцрпено, се кубири со апаратура и оддели за интензивна нега. Од појавата на првиот случај на 21 февруари до сега има 7985 заболени и 463 починати од оапсниот коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter