ХОРОР СТОРИЈА: Откажа мотор на авион кој превезуваше 128 патници

Вчера авионот „Боинг 767“ со 128 патници слета безбедно на аеродромот во Мадрид.

Авионот на Ер Канада вчера попладне мораше да побара дозвола за присилно слетување поради оштетување на еден од нејзините два мотори и пукање на гума на едно од нејзините 10 тркала.

Засега нема информации за тоа што предизвикало откажување на моторот.

Авионот кружел во близина на Мадрид, помалку од четири часа да го истроши горивото пред принудното слетување.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот „имал проблеми со моторот кратко време по полетувањето“, како и со гумата на „Боинг 767-300. Во изјавата се додава дека авионот е „дизајниран да работи со еден мотор и дека пилотите се целосно обучени за таквата можност“.

„Сепак, беше прогласена вонредна состојба за да се даде приоритет при слетувањето“, појасни Ер Канада.

Боинг 767 е патнички широкотрупен млазен авион со среден до голем долет. 767 собира од 181-375 патници и има долет од 9.400 – 12.200км, зависно од верзијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter