Хари повеќе нема да биде принц, со Меган треба да вратат над 2 милиона фунти

Принцот Хари и неговата сопруга Меган нема да можат повеќе да ги корiстат благородничките титули и нема да им се обраќаат со ,,нивно кралско височество“-соопшти Бакингамската палата.

Ова е одлуката на Кралицата Елизабета Втора по решението на нејзиниот внук да не ги исполнува кралските должности и да се преселат со Меган во Канада.

Исто така, тие треба да вратат 2,4 милиони фунти пари на британските обврзници, кои беа потрошени за реновирање на нивниот дом во Велика Британија.

Нема да бидат финансирани во иднина од кралскиот фонд.

Но, кога ќе претстојуваат во Англија ќе може да претстојуваат во досегашната палата која беше нивен дом.

Одлуката на кралицата стапува во сила на пролет.

Брачниот пар нема да ја претставува кралицата.

Кралицата Елизабета Втора извести дека Хари и неговото семејство секогаш ќе бидат дел од кралската фамилија, но дека тие ја почитуваат нивната желба за самостоен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter