(ФОТО) Уапсен велешанецот кој вчера се одибе да го убие полицискиот службеник

Денес околу 10 часот полициски службеници го лишиле од слобода и го привеле во Полициска станица Велес лицето Ѓ.К.(31) од Велес.

-Ѓ.К., на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицаецот Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал во него.

Тој, предходно со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства.
Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица, информира МВР.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter