ФОТО+ВИДЕО: Три силни земјотреси над 5 степени по Рихтер утрово ја потресоа Хрватска

Утрово во 6.23 часот силен земјотрес од 5,3 степени според Рихтер ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од главниот град Загреб на длабочина од 10 километри, објавија од ЕМСЦ.

Како резултат на овој силен потрес во градот има испукани и паднати ѕидови, паднати покриви, уништени автомобили, голееми штети во домовите.

Во најголем дел од центарот на Загреб има материјална штета, додека во останати делови од градот нема струја и вода.

Во 7.20 часот се случи уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени, а потоа се почувствувал ушт еден силен потрес, известува Европскиот медитерански сеизмолошки центар

 

 

potres

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter