ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ВО СОБА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Недоразбирање во болничка соба во тетовската болница завршило ноќеска со физичка пресметка. 
Според добиените првичните информации во врска со настанот, двајца тетовци донеле другар, кој дошол под дејство на алкохол во болницата, а во собата во која биле започнала расправија и физичка пресметка со други лица кои веќе биле таму.

– Вчера во 23 часот во СВР Тетово, вработен во тетовската клиничка болница пријавил дека во една од болничките соби на Интерното одделение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(29) и С.Р.(26) од една и Н.А.(46) и Ј.А.(41) од друга страна, сите од Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter