Утрово почина Драган Вучиќ кај кој бил дијагностициран Ковид-19

Утрово почина водителот Драган Вучиќ. Веста ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ.

Како што информира „Макфакс“, познатиот музичар и водител претходните денови бил во тешка здравствена состојба хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирус. Вучиќ, поради состојбата, бил ставен на респираторна поддршка, јавува „Макфакс“.

Од блиски на семејстото Вучиќ., „Женски магазин“ дознава дека позитивна на вирусот е и неговата сопруга Весна, која засега нема никакви симптоми. 

Нека почива во мир!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter