“УКРАДЕТЕ” НЕЧИЈА ПРЕГРАТКА – Одбележете го Светскиот ден на прегратката

Денес се празнува Светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а денес е прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегрнувањето е позитивна и топла форма на комуникација за испраќање на пораки за љубов, грижа, пријателство, утеха, поддршка, благодарност… Секоја прегратка, како и секоја снегулка, е различна – вклучува различни дози допири и поттикнува неповторливи емоции.

Не бидете штедливи и раширете ги рацете за секој кој знаете дека би уживал во вашата прегратка. Подарувајте прегратки за да ја почувствувате на своја кожа моќта на физичкото приближување на две тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter