УДАРНА ВЕСТ: Милошоски објавува нова „бомба“ за Зоран Заев

Антонијо Милошоски, кој е пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави статус дека денеска во 11 часот ќе објави нова „бомба“ поврзана со поранешниот премиер, Зоран Заев.

Милошоски изјави дека денес преку медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Истакна во својот Фејсбук статус дека материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Милошоски додава дека не му било дозволено во Собранието да има прес-конференција, па истата ќе ја одржи во прес-центарот на партијата.

Почитувани,

денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.
Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот.

истакна Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter