УБАВА ВЕСТ: Град Скопје секој ден ќе доделува по 100 евра за седење дома

Град Скопје најде начин со награда од 100 евра да ги мотивира граѓаните да седат дома. На Официјалната страна на Градот Скопје се појави повик под хаштаг СкопјеДома.
Еве што истакнаа во својпт пост на фејсбук:

– Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.

Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на Корона вирусот и учествувајте во конкурсот секој ден, се вели во повикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter