Трамп даде нaредба за прекин на финансирањето на СЗО

Доналд Трамп даде наредба за привремено стопирање на финансирање на Светската здравствена организација поради нејзиното постапување со пандемијата на коронавирус.

Тие не се справија со својата основна должност и тоа мора да сноси одговорност, рече Доналд Трамп и оцени дека групата ја промовирала „дезинформацијата“ на Кина за вирусот што веројатно довело до поширока појава на вирусот.

Претходно претседателот ја обвини СЗО дека е пристрасна кон Кина.

По трамп, реагираше и претседателот на ОН, Антонио Гутереш, кој порача дека сега и не е вистинско време за кратење на ресурсите на светската здравствена организација.

Америка е најголемиот самостоен финансиер на СЗО, со 400 милиони долари само минатата година, што е 15% од вкупниот буџет на СЗО. За разлика од неа, Кина на СЗО и донира 76 милиони долари, и 10 милиони преку волонтирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter