ТРАГЕДИЈА: Охридско Езеро одзeде уште еден живот

Попладнево во водите на Охридското Езеро пронајдено е безживотно тело на маж, кое било забележано од страна на случаен минувач. Телото било пронајдено во близина на областа блиску до Канео, пренесува „Охридњус“.

Случајот го потврдија од СВР Охрид. Тие информираат дека медицинска екипа утврдила смрт, а истрагата треба да ги утврди причините кои довеле до трагедијата.

Околу 13ч асот во Охрид од Канео према Даљан, на плажата Лабино е пронајдено телото на К. С. (1956) од Скопје.

Според неофицијални информации се претпоставува дека паднал од карпа од висина од околу 30-тина метра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter