Титаник 3 “потона” – 3.6 години затворска казна за двајцата кои беа осудени за изборни измами во 2013 година

Затворска казна од 3 години и 6 месеци добија Ејуп Аљими и Исмет Гури кои беа осудени за изборни измами и нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година, кога биле членови на Општинска изборна комисија во Чаир и уништувале изборен материјал и фалсификувале изборни резултати во корист на политичката партија ДУИ.

Аљими Ејуп е сегашен, актуелен пратеник од редовите на ДУИ во сегашноти собрание кое се распушти по одлуката за вонредни парламентарни избори.

Случајот во јавноста беше познат како „Титаник 3“ и траеше околу две години откако го отвори Специјалното јавно обвинителство. По престанокот на постоење на СЈО, предметот прогдолжи во рамките на Основното јавно обвинителство.

Кривичниот суд истовремено одлучи на осудените да им се одземат пасошите како мерки за претпазливост.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter