Тврдење на сведок: Операцијата беше закажана, но мајка и на малата Тамара побара друга болница

Викторија Чаловска, претседателката на првостепена комисија на Фондот за здравствено осигурување, како сведок во случајот со малата Тамара, односно девојчето кое почина чекајќи операција на р’бетот во странство, поточно во Турција, во вчерашното рочиште пред судот појасни дека на почетокот на декември во 2014 година, комисијата одобрила лекување на Тамара во Турција, на кое лекување Тамара требало да замине за два месеци, односно на почетокот на месец февруари 2015, мајката на Тамара побарала нејзината ќерка да биде лекувана во друга болница.

Сепак Чаловска пред судот објаснила дека кога го добиле барањето за лекување на малата Тамара истото било поднесено за лекување во Дубрава.

Од таа болница комисијата не добила одговор, па решила да стапи во контакт со други установи, но тие немале задоволителни критериуми и од поради тие причини членовите сакале да се најде референтен центар кој ќе овозможи успешно лекување на девојчето.

Според зборовите на претседателката Чаловска, комисијата одлучила да се запре постапката со оглед дека формалниот рок од шест месеци на важење на конзилијарното мислење истекувал, а сѐ со цел да дадат шанса да се поднесе ново барање.

По ова одлука, мајката на Тамара поднела ново барање, а комисијата издала свое мислење дека девојчето треба да се лекува во болница во Мерипол во Турција. Чаловска пред судот изјави дека ова мислење било дадено на 10 декември 2014 година кога Тамара веќе можела да замине на лекување.

По оваа постапка предметот бил затворен, но во месец февруари 2015 година, членовите кои биле дел од комисијата биле свикани на итен состанок со барање од мајката на Тамара да биде сменета болницата каде што ќе биде упатено девојчето. Според нејзиното уверување, поадекватна установа за лекување на девојчето била болницата Аџибадем во Истанбул.

Комисијата се согласила на тоа да се започне процес за да се изполни желбата на родителот, но за жал Тамара почина во 2015 година, чекајќи ја операцијата. Следното судење за нејзината смрт е закажано 10 април кога пред судот треба да се појават нови сведоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter