Тачи: СДСМ губи во однос на ВМРО на сите анкети, затоа е принудена да прави коалиција со Беса

Социјал демократите се принудени да коалицира со албанските политички партии од причина што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите, изјави Мендух Тачи, претседателот на ДПА во емисијата „Пресинг“ на косовската телевизија Т7.

Тачи вели дека е убеден дека на овие избори од 12 април, нема пак да се повтори она од 2016 година кога огромен број на Албанци гласаа за СДСМ.

„Во овие три години состојбата на Албанците е многу влошена, Албанците многу ослабеа економски. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма, затоа што тоа се рефлектира така што ВМРО-ДПМНЕ многу го зголемува гласачкото тело и ако тие освојат 62-63 пратеници и ние не сме важни за владеење. А сите анкети се такви што покажуваат дека СДСМ е многу послаба од ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција со Беса е направена заради тоа“, рече Тачи.

Тој истакна дека си стои на ставот дека за да коалицира со СДСМ, Зоран Заев треба да ги прифата неговите барања, односно да има дводомен парламент и само една вицепремиерска позиција, која треба нему да му припадне и која треба да има ингеренции врз финансискиот дел, односно државниот буџет кој ке биде донесен.

Долниот дом на парламентот треба да биде дом на националностите, односно нациите каде што било која одлука ќе треба да се донесе со консензус, додаде Тачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter