Тажна вест: Корона вирусот одзема уште еден живот во Македонија

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус, соопштија од министерството за здравство.

Станува збор за маж на 63-годишна возраст, жител од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, стои во соопштението.

Ова е втора жртва на коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter