Тажен ден за Британија: Огромен пораст на починатите и заболените од Ковид-19

Британскиот медиуми објавија дека вчера премиерот Борис Џонсон изјавил дека вчерашниот ден бил многу тажен ден за Британците поради големнит пораст на заболени лица од новиот коронавирус.

Владата претходно соопшти за 563 нови смртни случаи од последици од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 2.352. Во Велика Британија регистирани се 29.474 лица инфицирани со новиот коронавирус.

Премиерот Џонсон предупредуи дека епидемијата може да се запре само со почитување на усвоениот план и дисциплинирано се спроведуваат мерките за борба против новиот коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter