Стево Пендаровски: Вонредната состојба ќе треба да се продолжи уште 30 дена

Според Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе треба да се прогласи нова вонредна состојба со времетраење од нови 30 дена, врз база на состојбата во која се наога државата до денес. Одлуката ќе биде донесена во четврток кога ке се одржи состанок на Советот за безбедност.
– Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани, сѐ уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни иснтитуции и ваков тип на состојба.

Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава, меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 дена – истакна претседателот Стево Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter