СРЕДСТВО ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА: Дали е најефикасно, има ли рок на траење и дали е штетно за кожата?

Иако постојат микроби кои се отпотни, сепак средството за дезинфекција, е по ефикасно од сапунот.

Многу е попрактично средството за дезинфекција, доколку немате пристап до вода и сапун, а морате да ги измиете рацете во моментот.

Средствата за дезинфекција се оние кои како активна состојка содржат етил алкохол, изопропил алкохол или бензалкониум хлолид, останатите состојки не се покажуваат како делотворни при убивањето на микробите или за тоа нема доволно докази.

Како делува средството за дезинфекција на рацете?

Клучната состојка во нсјголемиот број вакви производи е алкохолот. Тој претставува органски молекули составени од јаглерод, кислород и водород, додека етанолот е хемикалија која се наоѓа во алкохолните пијалоци.

Алкохолот е способен да ги уништува агенсите кои предизвикуваат болести. Растворите со 30% алкохол се во состојба да ги убијат патогените. Кога во нив има над 60% алкохол, ефикасно се убиваат широк спектар на бактерии и вируси, но најефикасното решение е од 90% до 95% од содржината да биде алкохол.

Според едно истражување направено пред неколку години, зголемената концентрација на етанол поефикасно елиминирала три различни видови на бактерии кои предизвикуваат болести, отколку што тоа го прави миењето на рацете со вода и сапун.

Дали средствата за дезинфекција имсст рок на траење?

Средствата за дезинфекција немаат рок на траење, а доколку е наведен на амбалажата, тогаш тој датум означува до кога состојките ќе бидат содржани во количината, а се наведени на етикетата.

За да се зачува долготрајноста на алкохолот, потребно е да се чува на собна температура и амбалажата да биде затворена.

Дали ваквите средства за дезинфекција може да бидат штетни и отровни?

Алкохолот сепак се смета како безбеден за користење во вид на антисептик и воглавно не е отровен за кожата. Постојаната употреба може да доведе до сушење или благи иритации на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter