Спасовски: Рашела Мизрахи да се разреши на првата закажана седница (ФОТО)

Премиерот Оливер Спасовски до Собранието достави предлог со кој се бара од пратениците да ја разрешат министерката Рашела Мизрахи.

„Согласно член 94 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија предлагам Собранието на Република Северна Македонија да ја разрежи Рашела Мизрахи, министер за труд и социјана политика во влада на РСМ.

Предлагам собранието да ја разреши на првата сединца“ стои во предлогот од Спасовски доставен до Собранието.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter