Спасовски: „Здравјето и животот на граѓаните мора да биде пред се“

Во обраќањето на Оливер Спасовски кое го направи на официјалниот канал на СДСМ на “јутјуб”, кој беше пренесуван во живо во 20:00 часот, истакна дека постојано има засилени медицински тимови и засилени полициски службеници на терен во изолираните места, односно Дебар и Центар Жупа, како и струшките села.
Апелираше дека граѓаните треба да бидат свесни и да ги почитуваат мерките и обврските за заштита и спречување на вирусот.
Истакна дека треба да се оддаде признание на медицинските тимови, како и на министерот за здравство Венко филипче, на полицијата, на центарот за справување со кризи и другите институции кои се вложуваат до максимум за здравјето и заштитата на граѓаните.
Се заблагодари на граѓаните кои ги почитуваат мерките и ги повикува сите оние кои лагодно се однесуваат, кои не ги почитуваат своите најблиски, на време да се приклучат кон сите граѓани кои ги почитуваат мерките.
Спасовски: „Апелирам до граѓаните да пријават било какво групно собирање на МВР“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter