Совети за „тивок“ секс – кога не треба да ве слушне никој

Куќата ви е полна со деца? Имате гости кои треба да преспијат кај вас? Кој вели дека е невозможно да имате секс во вакви ситуации.

Сексуалниот живот не треба да страда во ниту една ситуација.

Постојат и други начини да му покажете на партнерот дека уживате во сексот и без гласни воздишки.

Со помош на овие неколку трикови, ќе успеете да го зачините вашиот сексуален живот, а притоа да не „пуштите глас“.

Не брзајте

Ако сакате да завршите на брзинка, голема е веројатноста да не тргне како што треба.

Ќе турнете нешто, ќе ја треснете вратата по грешка и ќе привлечете внимание на сите во домот.

Наместо тоа, договорете се суптилно да се најдете во спалната или купатилото и изберете поза која нема премногу акција. Лотус положбата е идеална за тивок секс.

trikovi-za-dobar-tivok-seks-koga-ne-trba-da-ve-cue-nikoj-02.jpg

Избегнувајте го креветот

И најдобрите кревети и најквалитетните душеци знаат да крцкаат кога ќе се препуштите на страстите.

Подобро користете го подот или потпрете се на ѕидот. Снајдете се и импровизирајте.

trikovi-za-dobar-tivok-seks-koga-ne-trba-da-ve-cue-nikoj-03.jpg

Покријте ја устата

Вака и дополнително ќе го зачините сексот. Прекријте си ги устите еден на друг или бакнувајте се константно.

Комуницирајте со очите. Со поглед може да си дадете знак колку уживате во сексот.

trikovi-za-dobar-tivok-seks-koga-ne-trba-da-ve-cue-nikoj-04.jpg

Испробајте и уживајте!

Извор crnobelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter