СКОПЈЕ ВО ШОК: Жена со пиштол пукала во маж!

На 29.01.2020 во 14.56 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен С.М.(42) од с.Батинци, скопско, со повреда од прострелна рана. По кажување на повредениот, тој додека бил заедно со Л.Г.(28) од Р.Албанија во близина на бензинска пумпа на бул.„Гоце Делчев“, настанала расправија со едно женско лице, кое со пиштол пукало кон него и го повредило, по што тој го одзел пиштолот и со патничко возило „фолксваген поло“, без регистарски ознаки, со Л.Г. се упатиле во болница. Според негово кажување, на бул.„Гоце Делчев“ го фрлиле пиштолот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter