Синоќа во Атина ликвидирани се Игор и Стевен

Синоќа во соседна Грција, во главниот град Атина се случувала крвава драма, во која настрадале двајца државјани на Црна Гора, Игор Џедовиќ и Стеван Стаматовиќ.

Двајцата биле водачи на „Шкаљарски клан“, еден од најпознатите во Црна Гора, но и на Балканот. Тие биле во ресторан во Атина, кога кон нив бил отворен оган.

Четири лица со фантомки на главите влегле и започнале да пукаат кон двајцата Црногорци, кои седеле на маса со десет луѓе, повредена е и една жена.

Со ова само продолжуваат пресметките во подземјето. Водачот на „Шкаљарски клан“ Веселин Вутковиќ беше убиен во април на Котор минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter