СЗО: Не носете маски доколку не сте заразени со Ковид-19

СЗО се уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, само во исклучителни околности доколку се заразени со коронавирус или негуваат некого кој е болен, пренесе CNN.

Директорот на Ссветската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан во својата изјава истакна дека носењето на маски за лице, во случај на нивно неправилно користење, може да нанесе повеќе штета од колку корист во борбата против ширењето на вирусот, тој повтори повеќе пати дека СЗО верува дека маските треба да ги носат само оние луѓе кои се заразени со Ковид-19 за да не го шират вирусот и здравствените работници, на кои им се неопходни.

„Нема конкретен доказ кој би укажал дека масовното носење маски би донело некаква корист, всушност, постојат извесни докази кои го укажуваат спротивното. Тука е уште и глобалниот недостиг на маски и други медицински материјали. Луѓето кои се најмногу изложени на ризик се здравствените работници секоја секунда од нивниот живот. Помислата на тоа дека немаат маска е ужасно“ додава Рајан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter