Се урнало скеле со работници – Паднаа од 9 кат и преживеаја

Петмина работници се повредени во несреќата на почетокот на февруари која се случи во рускиот град Дербент, кога се урна скеле со работници на градилиште.

Работниците за време на инцидентот биле на деветтиот кат од постоечките десет.

На снимките објавени на интернет се прикажува како целата конструкција попушта, а потоа, со сите работници на неа, незапирливо паѓа.

Четворица од нив биле задржани на лекување додека еден работник бил пуштен од болницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter