Се САМОЗАПАЛИ маж во центарот на Кочани

Денес во центарот на Кочани се самозапали маж на 40 годишна возраст. Настанот се случил во Трговскиот центар во центарот на градот.

Според информации од очевидците, лицето кое се самозапалило се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило.
Присутните и вработените во околните продавници веднаш се упатиле да му помогнат и да го изгаснат пламенот, користејќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето веднаш е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter