Се огласи Пендаровски, истакна дека најдобро се справуваме во регионот и пред влез во вилата на новинарите им ја мереа температурата

Претседателот Стево Пендаровски имаше свое обраќање во претседателската вилата на Водно во врска со вирусот кој е главна тема не само во Македонија, туку и во светот.

– Благодарам што дојдовте. Се извинувам за малата нелагодност на влез. Претпоставувам до сега не сте биле на пресконференција, на која пред да влезете ви е мерена температура, рече Пендаровски

За состојбата со во државата поврзана со коронавирусот секојдневно сте информирани од институциите и министерот за здравство Венко Филипче. Морам да ви кажам една моја оценка за постапувањето на надлежните институции. Се справуваме најдобро и ефикасно во однос на регионот и до овој момент немаме поинаква квалификација. Тоа не значи дека работата е завршена, но е спречено ширењето на епидемијата како што се случува во многу побогати и организирани држави од нашата. Постои управувачки комитет во кој членуваат претставници од сите институции и има и претставник од кабинетот на претседателот. Според нивните проценки мерките кои се на сила даваат ефект и затоа во овој момент сме уште на 9 случаи, рече претседателот на државата, господинот Стево Пендаровски.

Обраќањето на Пендаровски во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter