Се излизга воз од пругата меѓу Миравци и Клисура

Утрово околу 6 часот и 40 минути, товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата за среќа нема повредени.

Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter