Се зголемува минималната плата, еве колку ќе изнесува од следниот месец!

Минималната плата во државата ќе добие пораст и ќе се искачи на 14.934 денари во нето износ или 21.776 денари во бруто износ. Тоа го предвидува членот 4 од Законот за минималната плата.

Новата вредност на минималната плата ќе започне да важи од април 2020 година, што значи дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималната плата за март.

Што значи дека ако просечната нето плата во моментов изнесува 26.836 денари, минималната плата треба да биде 16.100 денари.

Оттаму апелираат до работодавачите да го следат растот на минималната плата и ова покачување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на вработените, преку почитување на колективните договори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter