Серхио Агуеро испиша историја во Премиер лигата

Серхио Агуеро, Напаѓачот на Манчестер сити, постигна три гола во убедливата победа над Астон Вила, со тоа испиша историја во Премиер лигата.

Аргентинецот го собори рекордот на Тиери Анри и стананајдобар странски стрелец во историјата на Премиерлигата. На Агуеро му беа потребни 255 настапи за 177 погодоци, додека на Анри му требаа три меча повеќе.

Овој хет-трик беше 12-ти за Агуеро во првенството на Англија, што е рекорд во лигата. Агуеро го помина на вечната листа поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер, кој постигна 11 хет-трикови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter