Сергеј Варошлија и Ременски ќе сведочат за Боки 13

Предлогот за укинување на притворот на осомничениот Бојан Јовановски во случајот “Рекет” не беше прифатено. Судијката Васка Николовска Масевска истакна дека сеуште постојат причини истиот да биде притворен и дека медицинската терапија и здравствена грижа може да биде укажана и во затворот.

Рочиштето кое требаше да се одржи денес е одложено поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ, кој како што кажува е во Бугарија, а другиот сведок Лидија Јаневска рекла дека не добила покана.

Следните рочишта во одбраната како сведоци ќе ги има Сергеј Варошлија, сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, како и Дејан Панделески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter