Семејството Заеви спремаат пакети за социјално ранливите семејства од Дебар и Куманово

Денес семејството на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со помош на волонтерите од Струмица од општинскиот кризен штаб во подготвуваат вкупно 700 пакети со прехранбени продукти.

Со помош на општинските кризни штабови овие пакети ќе бидат распределени во најпогодените градови во моментор во нашата држава, Куманово и Дебар.

Пакетите ќе бидат испорачани во претходно договорени време и локација, а крајната дистрибуција до домовите ќе ја вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери, при што 500 пакети ке бидат поделени во Куманово ќе бидат, а остатокот од 200 пакети во Дебар на семејства од социјално ранливите категории.

Предходниот викенд, вакви пакети семејството Заеви подели и за нивните сограѓани во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter