Селфи со Заев: Обвинетите од “Монструм” насмеани правеа селфи додека тој даваше изјава

Обвинетите од случајот Монструм си направија селфи пред Кривичниот суд додека поранешниот премиер Заев даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот Монструм.

Додека премиерот Заев одговараше на новинарските прашања, од неговата десна страна беа застанати родителите на убиените момчиња, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка излегоа од Кривичниот суд.

Во еден момент обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, кои во голем број го следеа неговото сведочење, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа поранешниот премиер.

Оние што пред неколку години, кога почна судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, до судот од притвор беа спроведувани со лисици на рацете и придружувани од затворската полиција, специјалните единици на МВР, денес, 7 години потоа, бранејќи се од слобода, излегоа од Кривичниот суд со кафиња во раце поминувајќи покрај Заев и фотографирајќи се со него во заднината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter