СЕКОЈА ЧЕСТ: Љупчо Николовски и неговата сопруга, своите поклони од свадбата ги даваат во донација за детската клиника во Скопје

Сопругата на генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Андријана Николовска вечерва им се заблагодари на сите гости кои беа присутни на нивната свадбена веселба која се одржа пред некое време. Младиот брачен пар одлучиле дел од подароците да донираат на амбулантата за детска клиника во Скопје, поточно оваа клиника ќе добие апарат пулсоксиметар што е клучен за респираторни инфекции и прв аларм за состојбата на децата и мери количество на кислород во крвта.



Па Николовска на нејзиниот фејсбук профил напиша:

Од дното на срцето се заблагодаруваме на сите роднини и пријатели кои со своето присуство придонесоа да овој ден биде посебен и незаборавен.

Неизмерно сме благодарни и до сите кои беа дел од организацијата на нашата свадбена забава.
Заеднички направивме многу, многу повеќе од свадба, од големата сала полна со љубов и сплотеност, секој може да понесе уникатен момент. Од енергијата но и од мирот, од модерното но и од традицијата, од разноликоста но и од едноставноста. Настан во кој немаше поделба на гости и домакини туку сите бевме и едното и другото. Имаше македонци, словенци, албанци, турци, власи, роми, бошнаци, хрвати, срби, бугари…не имаше од секаде но поделби немаше. Сите бевме едно исто. Имаше само љубов и добрина.
И да. Затоа што гостите беа хумани и наместо цвеќе донираа за нечија насмевка, амбулантата на детската клиника во Скопје ке добие апарат пулсоксиметар што е клучен за респираторни инфекции и прв аларм за состојбата на децата и мери количество на 02 во крвта.
Нека ваквите мигови на љубов, поддршка, сплотеност и мир не пратат секој ден, а посебно да не заборавиме сега во овие моменти кога ни е најпотребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter