Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус

Светската здравствена организација – СЗО, вечерва прогласи пандемија од корона вирусот, при што изразува сериозна загриженост од брзото ширење на болеста.

До денес од коронавирус се заразени 125.655 луѓе, а активно случаи има 53.997. Од тоа високи 48.079 има поблаг облик на болеста, додека 11 % односно 5.918 се во критична состојба. Од корона вирус до овој момент се излекувале 66.943 лица.

Смртноста од овој вирус според СЗО изнесува 6%, а тој се прошири во 122 држави ширум светот.

И понатаму најмногу заразени има во Кина, 16.021, но состојбата во оваа земја полека се смирува за разлика од стариот континент каде таа се разгорува. Во Европа засега заболени од корона вирус нема само во Црна Гора и Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter