Сашко Коцев: Како да те Кики моја, како да те Фрики моја..

Вчера под мотото “Нема правда, има Бубамара” се одржа “Златна бубамара на популарноста”. Салата преполна, насмеани лица, солзи радосници, овации, а сето тоа зачинето со многу музика од нашите познати музички ѕвезди.

Се започна на италијански јазик кога на сцената излезе Сашко Коцев и рече: Бенвенути тути на „вентитресимо“ Златна бубамара, не тредичи, „вентитре“!
Тој ја забавуваше публиката во негов стил, се пошегува на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев, не остана рамнодушен ниту на случајот “Рекет”, а уште помалку на загадениот воздух.

„Дотако сам дно живота, али ти ми тросед узе, еј проклети женски створе“, „Како да те Кики моја, како да те Фрики моја, како да те Џики моја, на тренутак заборавим“, им пееше Сашко Коцев на присутните на Златна бубамара.

Не беше поштедена и темата за личните карти и пасошите која е доста актуелна о мометиот па истакна:

„Нема пасоши, па нема пласика. А зашто нема пластика, па ја горат. Само треба да ти текне“.

Посебно ќе се насмеете на деловите каде зборува како се „расфрламе“ со дишењето воздух. Сашко дури не ни дише, а рече доколку си политичар е најлесно и кога е најзагаден воздухот за тебе е најчист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter