БРАВО! Самоиницијативно дел од сопствениците на кафичи во Дебар ставаат клуч на своите локали

Се со цел да се спречи ширење на актуелниот коронаврусот, поголемиот дел од сопстевниците на кафичи во Дебар одлучија од утре да ги затворат своите локали на одредено време се додека не се смири ситуацијата со заразата.

-Не е наредба, станува збор за самоиницијатива на сопствениците на кафулињата во Дебар и добија подршка од локалната власт, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

Дебарското подрачје е најпогодено од опасниот вирус. Од потврдените девет случаи во државава дури седум се од овој крај, однодно пет во Дебар и две лица во Центар Жупа.

Во домаша изолација се 34 лица, од нив 21 во Дебар, а 13 во Центар Жупа. Меѓу нив има и здравстени работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter