„РEKET“ ОДЛОЖЕН: Или ќе се појават адвокатите на Јанева или ќе добие адвокати по службена должност!

„РEKET“ се одложува за 27 јануари 2020 година, откако на денешното рочиште поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева повторно се појави сама, без своите бранители, адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев .

Со оглед дека случајот „Рекет“ е сериозен предмет со затворски притвор, судијката Васка Николовска-Масевска, ја повика поранешната специјална јавна обвинителка Јанева да се произнесе дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи вакво одложување е неприфатливо.

– Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам.

Изјави Јанева

Судијката рече дека може да и ги продолжи некои од адвокатските канцеларии на нејзините бранители или во краен случај со бранител по службена должност.

– Судот, доколку и во понеделник не се појави одбраната на Јанева, ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност, изјави судијката Николовски-Масевска.
Судијката, на почетокот на денешното рочиште, информираше дека до Судот на 21 јануари пристигнал поднесок од адвокатката Фрчковска дека поради болест не може да присуствува на денешното рочиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter