Рускоска за Боки 13: „Судија, а да го прашате дали за фукарата мисли на себе?“
Цитат од Иво Андриќ ги скара Русковска и Боки 13.
Андриќ во судницата го цитираше Бојан Јовановски кој бара да биде пуштен од притвор и на крај кажа дека целиот државен врв во државата е свртен против него, осносно кажа: „Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалиот прозборува а фукарата се обогатува“.
По овој исказ во истиот момент реагираше обвинителката Вилма Русковска и го постави прашањето кон, судијата мислејќи на Бојан Јовановски: „Судија, а да го прашате дали за фукарата мисли на себе?“
Не чекаше ни секунда, Јовановски и возврати на Рускоска со зборовите, „срам да ти е“, по што судијата веднаш нареди обвинетиот да биде изнесен од судница.