РОДИТЕЛИТЕ МОЛЧАТ: 11 годишно девојче од Кочани бремено во шестиот месец
Малолетно девојче на 11 годишна возраст е бремено во шестиот месец. На 24 јануари, девојчето е донесено во Берово од центарот за социјална работа во Кочани.
Неофицијално, се смета дека таткото е 19 годишен, а случајот се води како силување.
Девојчето живеело со својата мајка, која незабележала дека ќерка ѝ е бремена, а тоа го забележале луѓе од училиштето, по што девојчето било однесено на гинеколошки преглед.
Ученичката моментално е згрижена во мал групен дом. Девојчето е во одмината бременост, шест месеци бремена.