Реприза на вчерашната сообраќајка, денес верижен судир во обратна насока на автопатот Скопје – Велес

Реприза на верижниот судир кој вчера се случи на автопатот Велес-Скопје, денес во обратен правец се случи уште поголема катастрофа..

Поради лошите временски услови, на автопатот Скопје – Велес се случи верижен судир кој настанал откако возило поради клизанје од голомразица, се извртело и во него удриле повеќе автомобили и камион.

На терен веднаш интервенирале екипи на МВР, како и екипа на итната медицинска помош, бидејќи имало доста повредени, кои веднаш биле пренесени во здравствените установи во Велес.

Поради ниските температири и лошите временски услови се повикуваат сите возачи да возат внимателно и со намалена брзина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter