Рекордни 6 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа во земјава и регистрирани нови 54 позитивни на вирусот

Нови шест пациенти кои се дијагностицирани со Ковид-19, ја загубија битката со вирусот и починаа во изминатите 24 часа во земјава. Регистрирани се нови 54 пациенти позитивни на вирусот со тоа до сега бројот на заразенисо Ковид-19 се искачи на 908.

Според информациите на телевизијата Алсат, четворица од нив починале во Клиниката за инфективни болести, додека 2 во „8 Септември“.

Со ова до овој момент вкупниот број на починати лица во земјава од Ковид-19 изнесува 44.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter