РЕКЕТ одложен повторно – Еве кој се разболе овој пат

Рочиштето за „Рекет“ е одложено поради судијката Васка Николовска – Масевска која тврди дека се разболела и не можела да присуствува на истото.

На судењето, требаше да се изведат материјални докази кои Обвинителството ги има против Бојан Јовановски и Катица Јанева, кои се обвинете во овој случај.
Рочиштата за „Рекет“ се одложуваа и поради болест на адвокатот Дељо Кадиев кој ја застапува Катица Јанева.

На рочиштето кое се одрша вчера со повишен тон и мавтајќи со медицинските наоди, Боки 13 рече дека има рак на желудникот и ѝ се обрати на обвинителката Русковска со зборовите „вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке!“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter