РЕКЕТ: Картите се отворија, вистината излегува на виделина! Еве што се правеле Боки 13 и Јанева

На денешното рочиште кое се одржа за случајот “Рекет”, беа прочитани пораки кои обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си ги испраќале на апликацијата “Whats App”.

Нивната комуникација започнала на 25 февруари 2019 година, при што Боки 13 на Јанева и испраќа неколку фотографии од мебел, со коментар “Одбрав, платени се”!

Јанева не му враќа ништо на оваа порака, односно обвинителката Ивана Трајчева не прочита никаков одговор.

Во продолжение на доказната постапка за рекетирање со 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев од страна на Бојан Јовановски-Боки 13, за негово ослободување преку Катица Јанева од истрагата „Империја“, се прекина со презентацијата на видеоснимките од куќата на Камчев.

Торбите, според обвинението во „Рекет“, со над милион евра, Јовановски и Зоран Милевски ги изнесуваат откај Камчев на 20.2.2019. Според редоследот на доказите на обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска за два дена заминуваат во Италија.

Според приложените сметки од Јовановски од шопингот на скапа брендирана облека во Милано, првите 11 се во вредност околу 50 илјади евра. Втората тура е во вредност од над 60 илјади евра. Вкупно, како што кажа Русковска, потрошиле 148 илјади евра.

Потоа беше прикажана ватсап порака меѓу обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Првин и праќа фотографија од гарнитури за седење и ја прашува; „Одбра? Стигнати се“.

Потоа доказната постапка продолжи со пораки на ватсап меѓу Јовановски со Камчев, Дејан Панделески и со Фросина Ременски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter