РЕКЕТ: Денес ќе сведочи поранешната специјална јавна обвинителка!

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да се појави поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја”, а истата треба да сведочи во случајот “РЕКЕТ”.

Сведоци кои досега дадоа исказ се заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Останува да видиме каква изјава ќе даде поранешната специјална јавна обвинителка Стефанова!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter